Тимоние: Кризата што побрзо да се реши
08.03.2017 12:59
Францускиот амбасадор повика на воздржаност меѓу сите етнички заедници во државава.

„Посакуваме кризата што побрзо да се реши за да може Македонија повторно да се врати на вистинскиот пат и интегрирање во ЕУ и во НАТО“, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Повика на воздржаност меѓу сите етнички заедници во државава.
Францускиот амбасадор вели дека е запознаен со писмото на претседателот Ѓорге Иванов, но нема да го коментира бидејќи, како што нагласи, не е испратено до претседателот на Француската Република.
