Викиликс ги откри најсофистицираните алатки за шпионажа на ЦИА

08.03.2017 13:07

Основачот на порталот Џулијан Асанж изјави дека документите покажуваат колкав ризик постои од ширење на кибернетичкото оружје...

Викиликс објави илјадници документи кои детално ги откриваат најефикасните хакерски алатки со кои ЦИА собира податоци од паметните телефони, аплицкации, телевизори и други електронски уреди.

Основачот на порталот Џулијан Асанж изјави дека документите покажуваат колкав ризик постои од ширење на кибернетичкото оружје. Потенцира дека се повлечени некои податоци додека не се постигне консензус за техничката и политичката природа на програмата на ЦИА.

Според законот, ЦИА не смее да прислушкува Американци во САД.