За иста работа жените во просек заработуваат за 12,5% помалку од мажите
Трудот на жената е потценет, таа потешко се вработува на одредени позиции и затоа синдикатот бара елиминирање на родовата нееднаквост.

Податоците покажуваат дека жените во просек заработувааат 12,5 насто помалку во однос на мажите за иста работа- велат од секцијата на жени од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Трудот на жената е потценет, таа потешко се вработува на одредени позиции и затоа синдикатот бара елиминирање на родовата нееднаквост.
Генералниот секретар на КСС, Зоран Антовски им порача на работодавачите при вработувањето да ги земат предвид образовните критериуми и професионалните ветшини на кандидатот, а не да се прави поделба на работите на машки и на женски.
Македонските компании при вработувањето треба да го ценат квалитетот и да водат сметка за способноста на лицето, а не да се водат од родовата нееднаквост. За жал, околу 10 проценти се жени на менаџерски позиции, а би требало овој број да биде поголем, рече Антовски.
Даниела Јаневска од Секцијата на жени при КСС смета дека во Македонија сеуште постои родова дискриминација и стереотипи и оти тоа е она на што треба во иднина да се работи.
