Чавушоглу: Берлин да не го попречува референдумот
Чавушоглу и порача на Германија да не држи предавања за демократија и да не ја попречува кампањата за рефередумот за воведување претседателски систем што ќе се одржи во идниот месец. Тој е во посета на Берлин каде што ќе има средба со германскиот колега Зигмар Габриел.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и порача на Германија да не држи предавања за демократија и да не ја попречува кампањата за рефередумот за воведување претседателски систем што ќе се одржи во идниот месец. Тој е во посета на Берлин каде што ќе има средба со германскиот колега Зигмар Габриел.
„Знаеме дека е ова организирано. Ништо не е случајно. Под притисок сте, тоа се врши систематски“, изјави Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција.
„Германија вели дека Турција нема демократија и дека не ги почитува правата. Не се согласувам со тоа. Многу сме навредени.“
„Овде живеам над 40 години. Плаќам данок, работам. Но постојат групи кои вршат пропагнда против Ердоган. Тие се странци кои се вклопиле добро. Неговите противници се интегрирани, а поддржувачите не се.“
Германските власти откажаа три собири предводени од турски министри за промоција на референдумот.
