Обвинителен акт против три лица за неовластено производство и пуштање во промет на дрога
08.03.2017 14:02
Четиричлената група нелегално во Македонија од Албанија прошверцувала 100 килограми марихуана и ја чувале во Скопје, во домот на еден од обвинетите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица, членови на криминална група, за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.
Четиричлената група нелегално во Македонија од Албанија прошверцувала 100 килограми марихуана и ја чувале во Скопје, во домот на еден од обвинетите.
Дрогата била наменета за нарко пазарот во Турција. Во текот на постапката еден од обвинетите постигна спогодба со надлежниот јавен обвинител и е осуден на казна затвор во траење од четири години и два месеци, информираат од Обвинителството.
