Димитриев: Парламентарни избори заедно со локалните се излез од кризата
Единствен гарант за зачувување на унитарноста на Република Македонија е формирање и развивање на силно граѓанско и мултиетничко општество, вели премиерот Димитриев...

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните се излез од политичката криза во земјава, смета премиерот Емил Димитриев. Како што вели, единствен гарант за зачувување на унитарноста на Република Македонија е формирање и развивање на силно граѓанско и мултиетничко општество.
Во постизборниот период во Република Македонија се отворија дискусии кои длабоко задираат во уставното уредување на земјава, а кои не беа дел од предизборната кампања или многу малку се зборуваше за тоа. Јас сметам дека ваквите теми на се привилегија на политичките елити колку тие да се сметаат за способни да се справуваат со овие процеси, и за вакви теми единствен фактор којшто може да каже и да се изјасни е народот на нови парламентарни избори кои би биле организирани заедно со локалните, рече преиерот Димитриев.
За Република Македонија, како што кажа премиерот, единствена алтернатива е организирање нови парламентарни избори во кои партиите сето она што сметаат да го работат постизборно ќе мора да го кажат предизборно.
