Сочи 2014

Првото финале во Сочи е во скиатлон

08.02.2014 02:01

 Трката за првите медали во Сочи е во женскиот скиатлон. Тоа е дисциплина  од скијачкото трчање, која се состои од две половини од по 7 и пол километри. Првата  половина е трчање во класичен стил, а втората во слободен. Исклучително комплексна и интересна. Најпознатото име е  Марит Бјерген,која го брани златниот медал од  Игрите во Ванкувер.

 Трката за првите медали во Сочи е во женскиот скиатлон. Тоа е дисциплина  од скијачкото трчање, која се состои од две половини од по 7 и пол километри. Првата  половина е трчање во класичен стил, а втората во слободен. Исклучително комплексна и интересна. Најпознатото име е  Марит Бјерген,која го брани златниот медал од  Игрите во Ванкувер. На 33 годишната Норвежанка и се даваат најголеми шанси и во Сочи да биде првата носителка на златниот медал.Силна конкуренција Бјерген ќе има во помладата колешка од норвешкиот тим, Терезе Јохауг инаку водечкото име во моментов во натпреварите од Светскиот куп. Со победнички мотиви во скиатлонот влегуваат и Швеѓанката Шарлот Кала и Јустина Ковалчик од Полска. Женскиот „пурсуит“ , кој  е преименуван во „скиатлон“на програмата на Олимписките игри е од 1992 година во поинакво издание од сегашното. Имено, до 2006 година оваа трка беше составена од два старта во два дена: првиот на 5 километри класичен стил со распределба на медали и следниот ден продолжение од 10 километри во слободен стил.За ова прво „финале“ во Сочи се пријавени 61 скијачка. Почетокот е во 11 часот.