Западниот Балкан во фокус на самитот на ЕУ

08.03.2017 15:42

Брисел се мобилизира пред самитот на шефовите на држави и на влади на Европската унија. Една од главните точки се состојбите во земјите од Западниот Балкан, вклучително и во Македонија.

Во фокусот на утрешниот самит на лидерите на државите- членки на ЕУ кој се одржува во Брисел е состојбата во Западен Балкан. „Европската Унија ќе продолжи да биде ангажирана и посветна кон државите во регионот“, истакна сѐ уште актуелниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск во поканата до премиерите и претседателите на државите- членки.

Се очекува утре да бидат потврдени заклучоците од Советот на министрите за надворешни работи, на кој беше констатирано дека сите земји од Западен Балкан направиле голем напредок на патот кон европската интеграција, како и дека од сушстинско значење е регионалната соработка и избегнување на провокативната реторика.

Во тој контекст беше и пораката која ја испарти високата претсатвничка на ЕУ, Федерика Могерини до политичките субјекти во Република Македонија. Според неа, постојат инструменти за надминување на политичката криза, која има тенденции да прерасне во меѓуетничка и да се прошири во соседството. Решението го бара во мудроста на претседателот и изборот на нов председател на Собранието.

Шефовите на државите и владите ќе ја оценуваат и имаплемантацијата на заклучоците од декемврискиот самит во делот на надворешната безбедност и одбрана. На министерскиот состанок беше усвоен и заклучокот за формирање на воено планирање  во рамките на постојниот Воен штаб на ЕУ, на европската Служба за надворешна акција.

Во однос на миграцијата, европските лидери ќе дискутираат за резултатите од досега спроведените одлуки донесени на неформалниот самит во Малта, минатиот месец, а се однесува на медитеренската рута.

Бидејки мандатот на Доналд Туск е при самиот крај, се очекува на почетокот на состанокот на Европскиот Совет, да биде избран и новиот претседател за период од 1-ви јуни 2017-та до 30-ти ноември 2019-та.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ