Ердоган во дводневна посета на Русија

09.03.2017 08:22

Се очекува главна тема на разговорите меѓу Путин и Ердоган да биде нормализацијата на билатералните односи, кои драстично се влошија по собирувањето на рускиот авион Су-24 од страна на турските сили...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска и утре ќе престојува во посета на Русија, каде ќе има средби со неговиот руски колега Владимир Путин, а двајцата лидери заедно ќе учествуваат и на седницата на билатералниот Совет за соработка на високо ниво.

Се очекува главна тема на разговорите меѓу Путин и Ердоган да биде нормализацијата на билатералните односи, кои драстично се влошија по собирувањето на рускиот авион Су-24 од страна на турските сили над границата меѓу Турција и Сирија во ноември 2015 година. Затоплувањето на односите започна по неуспешниот обид за воен удар во Турција лани во јули.  

Меѓу билатералните темите за кои ќе се раговара се очекува да бидат и проектите за изградба на гасоводот „Турски поток“ и на нуклеарната централа „Акују“ во јужна Турција, како и плановите на Анкара за набавка на руски противвоздушни системи од типот С-400.

Од меѓународните теми се очекува главно прашање да биде кризата во Сирија и борбата против џихадистичката група Исламска држава и тероризмот.