Израел: Кнесетот го усвои предлог-законот за забрана на повиците за молитва од џамиите

09.03.2017 10:16

Поддржувачите сметаат дека мерката, која е иницирана од десничарските партии, ќе го подобри животот на оние кои живеат во близина на џамиите.

Израелскиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на повикот на муслиманите во џамиите. Нацрт-законот предвидува забрана на користење на разгласот за езанот, кој според владата го нарушуваат мирот и тишината во градот.

Поддржувачите сметаат дека мерката, која е иницирана од десничарските партии, ќе го подобри животот на оние кои живеат во близина на џамиите.

За Арапите во Израел, ова е уште еден пример за дискирминација и оспорување на верската слобода на малцинствата.