Министерот Попоски се сретна со амбасадорот Хелбах

09.03.2017 10:20

Македонија треба да добие гаранции за членството во Европската унија и тоа во догледно време, изјавил Попоски на средбата. Според него, внатрешните предизвици во Унијата, мигранската криза и заканите од екстремисти се добар потсетник за тоа колку ЕУ е поврзана со Македонија.

Германскиот специјален пратеник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Кристијан Хелбах се сретна со вицепремиерот и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Македонија треба да добие гаранции за членството во Европската унија и тоа во догледно време, изјавил Попоски на средбата. Според него, внатрешните предизвици во Унијата, мигранската криза и заканите од екстремисти се добар потсетник за тоа колку ЕУ е поврзана со Македонија.

Хелбах ја реафирмирал германската поддршка за полноправно членство на земјава во Унијата, но и зајакнувањето на долгорочната стабилност и просперитет во регионот.