Атина: Протестот на грчките земјоделци кулминираше со насилство
Земјоделците протестираат речиси два месеци поради новата серија на владини реформи со кои што се зголемуваат даноците и социјалните давачки.

Протестот на грчките земјоделци во Атина кулминираше со насилство, откако околу 1000 лица се обидоа да ја пробијат полициската блокада пред министерството за земјоделство, на што полицијата возврати со солзавец.
„Мора да го сменат даночните и пензиски реформи, за да можеме да продолжиме да работиме. Но, тие не сакаат да работиме, сакаат да не убијат и да не изнесат од Европа“, вели еден земјоделец.
„Со еден збор, катастрофа. Ова е катастрофа, не можеме да произведеме ништо. Трошоците за производство се смешно високи, не може да произведуваме продукти кои што ќе бидат компетативни на пазарот и кои што потрошувачите ќе можат да ги купат.“
„Владата мора да падне, не ни треба оваа влада повеќе. Тие се предавници и бандити. Видете што ни сторија предавниците, ни ја одземаа благосостојбата и не направија бескорисни. Луѓето што не предводат се бандити“, велат земјоделците кои протестираат.
Земјоделците протестираат речиси два месеци поради новата серија на владини реформи со кои што се зголемуваат даноците и социјалните давачки. Во рамките на протестите минатиот месец, беше блокиран и грчко-македонскиот граничен премин и дел од главните патишта во Солун и регионот.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
