Намален бројот на мигранти во прифатниот центар во Гевгелија
Ситуацијата на јужната граница е стабилна и мирна, а на котата 59 од каде што бегалците доаѓаа на наша територија, моментно нема мигранти.

За нецел месец бројот на мигрантите во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија е речиси преполовен. Според евиденцијата на раководството во кампот има останато само уште 36 мигранти- 10 од мигрантите се мажи, 15 жени и 11 се деца. Другата половина од мигрантите кои беа во кампот во Гевгелија од затворањето на „Балканската рута“ се вратени назад на грчка територија по нивно барање и уверување дека сакаат да се вратат дома.
Ситуацијата на јужната граница е стабилна и мирна, а на котата 59 од каде што бегалците доаѓаа на наша територија, моментно нема мигранти.
При посетата на регионот пред два дена и министерот за одбрана Зоран Јолевски потврди дека ситуацијата на јужната граница со Грција никогаш не била помирна и дека многу е намален бројот на илегални обиди за нејзино преминување.
