Аневски: Јанева и Фетаи го прекршија етичкиот кодекс

09.03.2017 12:35

Разгледувајќи ја претставката, ние утврдивме дека ги прекршиле основните начела на етичкиот кодекс, посебно членот 14 од етичкиот кодекс, каде е регулиран односот меѓу судот и јавното обвинителство, вели Аневски...

Обвинителките Фатиме Фетаи и Катица Јанева го прекршиле етичкиот кодекс и недолично се однесувале кон Кривичниот суд, утврди Советот на јавните обвинители.

„Разгледувајќи ја претставката, ние утврдивме дека ги прекршиле основните начела на етичкиот кодекс, посебно членот 14 од етичкиот кодекс, каде е регулиран односот меѓу судот и јавното обвинителство, каде се пропишува дека тие треба да бидат коректни, да се внимава на однесувањето на јавниот обвинител при застапувањето на предметите“, изјави претседателот на Советот на јавните обизнители, Аневски.

Претседателот на Советот побара од СЈО да ја разгледа можноста да назначи нов обвинител за предметот.