Кривична пријава против едно лице за нападот на новинарите на „А1- он“
Министерот Нухиу објави дека е поднесена кривична пријава против еден сторител за насилство врз екипа на „А1-он“. Како што потенцира тој, се прибираат нови докази ...

Средба на раководството на ЗНМ и министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. На средбата министерот Нухиу ги информирал претставниците на ЗНМ за преземените активности на МВР во врска со настаните во кои беа нападнати и телесно повредени новинари на порталот „А1-он“.
Министерот Нухиу објави дека е поднесена кривична пријава против еден сторител за насилство врз екипата на „А1-он“. Како што потенцира тој, се прибираат нови докази и факти со кои до крај ќе се расветли кривично правниот настан.
Кривичната пријава е поднесена против 37-годишниот М.К. од Скопје, поради основи на сомнение дека на 27-ми февруари заедно со уште едно засега непознато лице, во централното градско подрачје со употреба на физичка сила извршиле кривично дело- насилство во кое со телесни повреди се здобиле двајца новинари. Потврдено е дека станува збор за познат сторител на имотни деликти и нарушител на јавниот ред и мир.
Од ЗНМ беше потенцирано дека соработка со МВР е во насока на заштита на уставните вредности и заштита на слобода на изразување и професионалното известување на медиумите.
