Тешко повреден работник, паднал од скеле

09.03.2017 14:00

Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување...

Т.А (58), вработен во фирма за монтирање челична конструкција, поставувајќи скеле, паднал од два метра висина и здобил тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера, во 9:44 часот, во скопската населба Пинтија.

Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.