Раст на БДП од 2,4% во четвртиот квартал од 2016-та

09.03.2017 14:23

Во последното тримесечје од минатата година, најголем раст е регистриран кај градежништвото– 28,5 отсто, речиси 10 насто е позитивата во секторот стручни, научни, технички дејности, како и административни и помошни услужни дејности.

Бруто-домашниот производ во последниот квартал од 2016-та се зголеми за 2,4 проценти- објави Државниот завод за статистика. Вкупно, во 2016-та година е забележан раст на БДП од 2,4 проценти.

Во последното тримесечје од минатата година, најголем раст е регистриран кај градежништвото– 28,5 отсто, речиси 10 насто е позитивата во секторот стручни, научни, технички дејности, како и административни и помошни услужни дејности. Зголемена е и финалната потрошувачка на домаќинствата.

Според податоците, во истиот период, извозот пораснал за 8,4%, а, увозот за 2,4%.