Првото олимписко злато за САД
Американецот Сејџ Котсенбург е првиот носител на златен медал на 22-те олимписки игри во Сочи.
За прв пат на игрите, дисциплината слопстајл очекувано донесе многу возбуда,атракција , акробација и прекрасно олимписко деби на спортот што има се повеќе приврзаници.
4 настапи му беа потребни на Котсенбург да стигне меѓу 12-те финалисти, но можеби токму полуфиналето непосредно пред битката за медали му ја донесе неопходната сигурност во првата серија и со резултат 93.50 остана најдобар до крајот.

Норвежанецот Стаале Сандбех го освои сребрениот медал, а бронзата е на градите на канаѓенецот Марк Мекморис кој исто така низ полуфиналето мораше да ја бара шансата за медал и успеа. И покрај критиките за опасната патека во Роза Хутор екстрим пакот, финалето донесе прекрасен натпревар како најубава најава за утрешната завршница во истата дисциплина во женска конкуренција.