Корупцијата во политичкиот врв најзагрижувачка

09.03.2017 14:40

Најзагрижувачка е корупцијата во високите политички кругови, сметаат од невладиниот сектор. Антикорупционерите тешко доаѓаат до веродостојни податоци, вели првиот човек на Комисијата, Тантуровски, па поради тоа ги користат податоците за застапеноста на корупцијата во јавниот сектор од невладините организации.

Антикорупционерите тешко доаѓаат до податоци за нивото на корупција во јавниот сектор. Првиот човек на институцијата, Игор Тантуровски, се пожали дека институцијата со која предводи има потешкотии да дојде до веродостојни податоци. Затоа, како што рече, антикорупциска ги користи податоците од истражувањата на невладините организации.

Едно е да се зборува за перцепцијата за корупција во јавниот сектор, а сосема поинаку е вистинската нејзина застапеност во реалноста, сметаат од граѓанскиот сектор. Според првиот човек на невладината МЦМС, Александар Кржаловски, во Македонија најзагрижувачка е корупцијата во политичкиот врв.

Од антикорупциска најавуват едукации што ќе се спроведуваат во јавните институции за градење на колективниот и личниот интегритет.

Според последниот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ од јануари годинава, корупцијата во јавниот сектор во Македонија во последните години ескалира. Земјава само минатата година падна на 90 место односно за дополнителни пет во споредба со минатата година.

 

Фиљана Кока