Совет на јавни обвинители: Јанева и Фетаи го навредиле судот
Обвинителките Фатиме Фетаи и Катица Јанева го прекршиле етичкиот кодекс и недолично се однесувале кон Кривичниот суд, утврди Советот на јавните обвинители. Претседателот на Советот, Аневски побара од СЈО да ја разгледа можноста да назначи нов обвинител за предметот.

Специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс и го навредиле судот, оценил Советот на јавните обвинители на вчерашната седница. Судијката Татјана Михајлова којашто е судија во предметот Насилство во општина Центар се пожалила во Советот поради недоличното однесување на обвинителките. По разгледување на снимката од главната расправа, Советот утврдил дека колешките од СЈО го прекршиле членот 14 во кој се регулирани односите меѓу обвинителот и судот, поради што побараа Специјалното обвинителство да ја разгледа можноста за определување друг обвинител кој ќе ги застапува на судењата.
„Доколку постапуваат незаконито, ние ќе ги критикуваме и секако дека ќе сносат последици јавните обвинители. Ако е обратно- тогаш ние ќе ги заштитиме јавните обвинители. Во овој случај прекршен е кодексот на јавните обвинители и тука дилеми нема. Чисто како солза е“, вели Петар Аневски, претседател на Советот на јавните обвинители.
Обвинителките на главната расправа реагираа на грубо фалсификување на записникот од претходното рочиште. Но, советот, како што појасни Аневски го оценувал само нивното однесување, а не дали биле во право што реагираат.
Последната главна расправа за случајот „Насилство“ се оддржа на 22-ри минатиот месец. Тогаш судијката Татјана Михајлова обвинителките на СЈО со по 2.000 евра за недолично однесување.
Следното рочиште е закажано утре. Првоообвинет според предметот отворен од СЈО, е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешниот министер Миле Јанакиевски и екс советничката Даниела Рангелова.
Анита Димитријевска
