Хелбах: Повик за брзо формирање влада

09.03.2017 15:06

Да се реализираат ургентните приоритети за приклучување кон ЕУ и НАТО, изјави специјалниот пратеник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Кристијан Хелбах.

Германија бара брзо формирање на владата- изјави пред Германската амбасада во Скопје, специјалниот пратеник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Кристијан Хелбах.

Да се реализираат ургентните приоритети за приклучување кон ЕУ и НАТО, изјави Хелбах.

Германскиот пратеник вчера и денеска имал средби со претседателот Иванов, со шефот на дипломатијата Попоски, а германскиот пратеник имаше средби и со лидерите кои освоија мандати во Собранието.