ЦИА го обвини „Викиликс“- загрозена безбедноста на Американците
09.03.2017 15:26
Портпаролот на агенцијата не ја потврди автентичноста на документите...

ЦИА го обвини „Викиликс“ дека ја загрозил безбедноста на Американците, дека им помага на непријателите и дека ја попречува борбата против тероризмот, откако ги објави документите со кои се покажува како ЦИА хакирала системи.
Портпаролот на агенцијата не ја потврди автентичноста на документите, но двајца претставници на разузнавачите и на полицијата веруваат дека се објавени веродостојни материјали.
