Потребна е поголема поврзаност на странските инвеститори со домашните бизнисмени

09.03.2017 15:59

Потребна е поголема поврзаност на странските инвеститори со домашните бизнисмени- посочуваат економистите. Сметаат дека на овој начин ќе се постигне поголем ефект. Објаснуваат дека недостигот од податоци за трошоците и повратниот ефект не дава можност да се направи точна пресметка за полезноста од странските инвестиции.

Странските инвестииции не се разочарување по бројот и обемот смета универзитетскиот професор Беџети. Според него проекциите биле промашени, а не очекувањата, бидејќи македонската економија е лимитирана економија и по куповната моќ и по технологијата. Сеопфатните анализи треба да покажат која е новата вредност што ја создадоа и кои се долгорочните ефекти.

За универзитетскиот професор Петрески нема истражување кое би дало точни информации за тоа кој е бенефитот од странските инвестиции наспроти доделената државна помош. Странските инвестиции се неопходни, со компании, од преработувачка или конзервна индустрија.

Експертите дебатираа по истражувањето на балканската истражувачка репортерска мрежа за тоа дали и колкав бенефит донесоа странските инвестиции и колкав број на работни места отворија.

 

Дијана Ценевска