Самит во Брисел: На маса се очекува да се најде и писмото од Иванов
Почна дводневниот самит во Брисел. Пред шефовите на држави и влади се важни прашања, поврзани со безбедноста и одбраната. Во фокусот на самитот ќе биде и Западниот Балкан и случувањата во Македонија. На маса се очекува да се најде и писмото од претседателот Иванов...

Миграцијата, глобалната стратегија за безбедност и одбрана, како и состојбата во Западен Балкан се трите теми на кои ќе дискутираат шефовите на државите и влади на државите- членки на ЕУ на дводневниот Самит кои се одржува во Брисел. Очекувањата на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, се дека лидерите на европските држави ќе ги потврдат заклучоците од министерскиот состанок кој се одржа во понеделникот.
„Го посетив целиот регион пред една недела. Разговаравмеза тоа со министрите за надворешни работи, и очекувам Европскиот совет денеска да испрати многу силна порака за ангажираност, посветеност, отвореност и кредибилност за патот кој го води регионот до Европската интеграција. Ова се моите очекувања. Ервропските граѓани бараат единство и капацитет за да се оствари ветеното“, изјави Могерини.
Во однос на развојот на состојбите во Република Македонија, ова недела Могерини апелираше на воздржување од провокативната реторика и мудроста на претседателот на државата. Еден од инструментите за надминување на политичката криза, според Могерини е избор на нов председател на Законодавниот дом.
Во однос на писмото кое претседателот Иванов го упати до првиот човек на Европскиот Совет и денеска молк во Брисел, неофицијално за тоа ќе се разговара во текот на утрешниот ден на Самитот на европските лидери.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
