Тече рокот за пријавување откуп на земјоделски производи
Тече рокот за доставување податоци за откупот на фирмите кои тргуваат и преработуваат земјоделски производи. На почетокот на секоја година мора да пријават колкави количества храна ќе купуваат од земјоделците. Казните за не исполнување на обврската се до 1.500 евра.

Откуп на земјоделски производи можат да вршат само правни лица кои се регистрирани за трговија и за преработка во министерството за земјоделство. Секое од нив нај доцна до 31-ви март треба да ги достави податоците за планираниот откуп оваа година и за купеното лани.
30 дена пред почетокот, трговецот мора да го пријави и местото каде што се наоѓа откупниот пункт заедно со истакнатита откупни цени. Продажбата, исто така, мора да се врши со писмен договор меѓу купувачот и земјоделецот.
Фирмата што купува мора да има објекти и опрема за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производи. Доколку нема сопствени, пунктовите кои ги користи откупувачот мажат да бидат позајмени или закупени.
Во министерството за земјоделство се регистрирани скоро 700-тини правни лица кои се занимаваат со оваа дејност.
Методија Трајков
