Весели: Армијата на Косово ќе биде формирана во следните неколку денови
10.03.2017 10:24
Стратегиските косовски партнери, предводени од САД, ќе продолжат да им помагаат Косово и на новата војска која, според Весели, ќе биде најсилниот регионален партнер на НАТО.

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели најави дека армијата ќе биде формирана во текот на следните денови. Стратегиските косовски партнери, предводени од САД, ќе продолжат да им помагаат Косово и на новата војска која, според Весели, ќе биде најсилниот регионален партнер на НАТО.
Алијансата, САД и ЕУ ги осудија плановите на Приштина за трансформација на косовските безбедносни сили во армија без согласност на претставниците на сите етнички заедници.
