Трамп: Системите на ЦИА мора да се модернизираат
10.03.2017 11:34
Претседателот на САД изјави дека системите на ЦИА мора да се модернизираат откако „Викиликс“ објави архива документи поврзани со кибернетичка шпионажа на Агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека системите на ЦИА мора да се модернизираат откако „Викиликс“ објави архива документи поврзани со кибернетичка шпионажа на Агенцијата.
Материјалот покажува дека ЦИА создала над 1.000 компјутерски вируси и други програми кои се инфилтрираат и ја преземаат контролата на уредите, тврдат од „Викиликс“.
Централната разузнавачка агенција го обвини порталот дека им помага на непријателите и ја загрозува безбедноста на Американците.
