ЕЛЕМ ќе увезува струја по пониска цена од производната

10.03.2017 11:54

Избрани се најповолните понуди на спроведената аукција, на која учествувале девет оператори.

Електрани на Македонија ќе увезе 32 илјади 710 мегават-часови електрична енергија во периодот од 11-ти март до 30-ти април, по просечна цена од 36,4 евра- соопшти компанијата. Избрани се најповолните понуди на спроведената аукција, на која учествувале девет оператори.

„Постигнатата цена е пониска од моменталната производствена маргина на компанијата. Со оваа набавка, ќе се создадат одлични предуслови, АД ЕЛЕМ да ги продава вишоците на произведената електрична енергија и да додаде вредност на сопствениот производ, во периоди кога берзанската цена ќе биде повисока“- објаснуваат од компанијата.