Сочи 2014

Бјерген го одбрани златото од Ванкувер

08.02.2014 12:56

Марит Бјерген започнатото  во Ванкувер во 2010 –та година, го продолжи во Сочи. Норвешката скијачка дива го освои златниот медал во скиатлон, првата дисциплина од натпреварите во скијачко трчање. По првите 7 и пол километри во класичен стил, пет скијачки останаа на чело во завршната битка во слободното трчање. Тоа беа трите Норвежанки Бјерген, Јохауг и Венг, Швеѓанката Кала и Саринен од Финска. Заостана една од главните фаворитки Ковалчик од Полска по грешката при размената на скиите. Врв на натпреварувачката драма беше спринтот на Бјерген и Кала во последниот километар.

Марит Бјерген започнатото  во Ванкувер во 2010 –та година, го продолжи во Сочи. Норвешката скијачка дива го освои златниот медал во скиатлон, првата дисциплина од натпреварите во скијачко трчање. По првите 7 и пол километри во класичен стил, пет скијачки останаа на чело во завршната битка во слободното трчање. Тоа беа трите Норвежанки Бјерген, Јохауг и Венг, Швеѓанката Кала и Саринен од Финска. Заостана една од главните фаворитки Ковалчик од Полска по грешката при размената на скиите. Врв на натпреварувачката драма беше спринтот на Бјерген и Кала во последниот километар. Искуството, извонредната подготвеност и стратегија на 33 годишната Норвежанка и го донесоа првиот златен медал во Сочи, четвртата олимписка титула во кариерата.Кала заостана за 1.8 секунди, а битката за бронзениот медал ја доби младата Норвежанка Хајди Венг.

Скиатлон(Ж) 7.5+7.5 километри:.

1 Марит Бјерген(Нор) 38:33.6 мин.

2.Шарлот Кала(Швед) +1.8 сек

3.Хајди Венг(Нор) + 13.2 сек.

4.Терезе Јохауг (Нор) + 14.8 сек

5.Аино-Кајса Саринен (Фин) + 15.3сек

6.Јустина Ковалчик (Пол) + 58.1сек

7.Керти Нисканен (Фин) + 1:01.7мин

8.Џесика Дигинс (САД) + 1:31.9

9.Ема Викен (Швед) +1:33.8

10.Масико Ишида(Јап) +1:34.7