Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Истанбул
10.03.2017 13:46
Во леталото се наоѓале двајца пилоти, четворица странци и еден турски државјанин.

Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Истанбул кој се урнал кратко по полетувањето и удрил во телевизиска кула.
Во леталото се наоѓале двајца пилоти, четворица странци и еден турски државјанин. Причина за несреќата е веројатно густата магла.
