Метео: За викендот променливо облачно и ветровито

10.03.2017 13:54

И натаму ќе има услови со мала веројатност за на места слаб локален дожд и слаб снег на планините.

Првиот ден од викендот ќе ни донесе променливо облачно и ветровито време со повремено засилен северен ветер кој на моменти ќе достигува брзина и до 80 километри на час.

И натаму ќе има услови со мала веројатност за на места слаб локален дожд и слаб снег на планините. Слично време се очекува и во недела.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска