74 години од депортацијата на Евреите од Македонија

10.03.2017 15:18

Сеќавање на депортацијата на Евреите од Македонија пред седум децении. Во дворот на тутунскиот комбинат во скопје, од каде што 7.200 Евреи биле однесени во логорот во Треблинка, беа положени цвеќиња.

Бјенвенита Бехар Езури е единствената од семејството Бехар која се спасила од депортација и смрт во Треблинка. Кобната вечер на 10-ти март 1943-та, четригодишното девојче од Скопје било на гости кај Александар и Блага Тодорови, пријатели на нејзините родители кога војската и полицијата ги опколилe еврејските маала. Евреите од Скопје, Битола и Штип биле собрани во привремен концентрационен логор во монополот во Скопје. Десетина дена подоцна 7.200 македонски Евреи биле депортирани во логорот Треблинка каде што биле убиени.

Веќе седум децении наследниците тагуваат за своите претци. Велат, без сеќавање нема иднина, не можеме и не смееме да заборавиме, ќе продолжиме да говориме, да повторуваме, да учиме, историјата на нашите да не се повтори.

Како и години наназад, годишнината од трагичната депортација на македонските Евреи беше одбележана со комеморација и со положување цвеќиња пред споменикот во монополот во Скопје.

 

Наташа Јанчиќ