Поголемо влијание на здруженијата на лицата со хендикеп во носењето на јавните политики
Поголемо влијание на здруженијата на лицата со хендикеп врз носење на јавните политики- бараа движењето „Полио плус“. Според нив без решавање на ова прашање нема влез во Европаската унија. Во наредните 24 месеци, ЕУ ќе ја финансира националната платформа, која ќе претставува јадро на организациите и ќе се залага за инклузивна средина за лицата со хендикеп.

Поголемо влијание на здруженијата на лицата со хендикеп, во носењето на јавните политики, вклученост во политичкиот дијалог кога станува збор за нивните права - бара движењето „Полио плус“.
„Согласно со конвенцијата за правата на лицата со хендикеп единствен начин на кој што треба да се гледа на ова прашање е од аспект на човековите права и истото треба да биде стожер, призма која треба да биде во срцето на кое било законодавство доколку сакаме да влеземе во Европската унија“, изјави Елена Кочовска, „Полио плус“.
Потребно е здружување на силите за да се надминат бариерите со кои се соочуваат овие лица - вели Вероли, од делегацијата на Европската унија.
„Кога споменав бариери мислам пред се на инфраструктурни, физички бариери со кои лицата се соочуваат во секојдневниот живот, пристапот до објект. Но од друга страна, посебен фокус и посебен акцент би сакал да ставам и на нефизичките бариери со кои се соочуваат, пред се станува збор за стереотипите. Она на што се обрнува посебно внимание не е самиот хендикеп, туку пред се станува збор за нивните способности и вештини кои ги поседуваат“, изјави Мауро Ди Вероли, раковоител за социјална политика при делегацијата на ЕУ.
Во наредните две години, ЕУ ќе ја финансира националната платформа, која ќе претставува јадро на организациите и ќе се залага за инклузивна средина на лицата со хендикеп.
Андријана Атанасовска
