Подобро искористување на ЕУ фондовите наменети за социјални цели

10.03.2017 15:56

Државните институции со граѓанскиот сектор ќе соработуваат за да ги искористат парите од европските фондови. Се работи за средства наменети за социјални цели. Разработени се 12 проектни идеи со кои ќе се аплицира.

Во насока на подобро искористување на ЕУ фондовите наменети за социјални цели е реализиран проект за зголемување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и државните институции за подготвување проекти со кои поуспешно ќе се аплицира за искористување средства од ЕУ фондовите. Разработени се 12 проектни идеи со кои ќе се аплицира, а подготвен е и прирачник кој ќе се користи за изработка и спроведување на проекти.

„По напавената анализа утврдивме дека околу 40% од фондовите што се достапни за Република Македонија,во делот на социјално вклучување се искористени, односно од последната ревизија од 2016-та на националната програма за апроксимација на законодавството, од вкупно 14,1 милион евра сме искористиле само 6,2милиони евра.Одтука главната причина за ваквата искористеност се и недоволните капацитети од страна на граѓанските организации и државните институции“, изјави Зоран Нечев, проект менаџер- Институт за демократија.

„Нашата група работење на проект на Регионален центар за жртви од насилство кои што се мажи во случајов,бидеејќи нема таква институција во Македонија“, изјави Јовче Крстески, Центар за социјални работи- Демир Хисар.

„Овој проект беше од делот на социјална инклузија и беше еден од 26 гранта кои што беа обезбедени преку таканаречената втора грантова шема“, изјави Нафи Сарачини, претставник на ЕУ делегација за РМ.

Проектот беше дел од ИПА 1 програмата чија реализација завршува годинава,а се финансираа проекти во областа на: вработувањето,социјалната инклузија и образованието.Важно е да се нагласи, вели Сарачини, што за првпат менаџирањето на проектите на ЕУ во земјава не го правеа ЕУ институции туку домашни државни институции, преку таканаречено децентрализирано менаџирање. Во овој случај 85 насто од парите беа на ЕУ, а 15% се пари на државата, односно станува збор за менаџирање со заеднички фондови.

 

Свето Николовски