Стопанствениците апелираат- потребна е политичка стабилност
Државата и заедницата заедно со претприемачите мора да креираат поволна бизнис клима. Но прво да се стабилизира политичката криза. Бизнисмените бараат еднакви можности за инвестирање во слободните економски зони...

Финасирањето на компаниите, субвенционирањето во развојот, конкурентноста, контролата на квалитетот се меѓу основните проблеми со кои се соочуваат прилепските бизнисмени. Тие на заедничка средба ги посочија проблемите, но и можностите за нивно решавање. Но, прво, да се реши политичката криза.
Државата и локалните власти да им овозможат на прилепските компании подеднакво да инвестираат во слободните економски зони, посочуваат од Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Средби со бизнисмените и претприемачите се одржуваат во сите региони.
Елизабета Митреска
