ВМРО- ДПМНЕ: Заев прочита обичен памфлет, а не владина програма
„Заев прочита обичен памфлет, а не владина програма“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, лидерот на СДСМ не собрал храброст да ја отфрли платформата од Тирана, така ќе ја решел целата ситуација. Антонио Милошоски рече дека првиот човек на Социјалдемократите сака да се дограби до власта на штета на националните интереси.

„Владината програма е партиски памфлет“- оценка на ВМРО-ДПМНЕ за документот што го презентираше лидерот на СДСМ. Според партијата, Заев можел да ја реши целата ситуација со една реченица- да се откаже од албанската платформа и да покаже дека го почитува мислењето на граѓаните.
„Господине Заев, не ја потеценувајте интелегенцијата на македонските граѓани. Кажете дека ја отфрлате платформата од Тирана како платформна на туѓа држава коа нема свое место во унитарна Македонија“, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски рече дека заев сака да се дограби до власта со измама- една програма пред избори, а друга по нив, се на штета на националните интереси. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека првиот човек на Социјалдемократите конфузно се обидел да ги излаже граѓаните, дека експерти ќе дискутирале за химната и за грбот. Му порачаа- граѓаните не гласаа за експерти, туку за политичари кои ќе решаваат за достоинството на државата.
„Долку вие сте убдене дека тиранската платформа треба да се отфрли прифатате ја понудата на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада. Ако Заев е убеден дека платформата од Тирана е позитивна тогаш нека се прифати второто можно решение- парлментарни избори со локални на кои граѓаните ќе се изјаснат за платформата“, рече Милошоски.
ВМРО-ДПМНЕ од Заев побара и да ги осуди изјавите на Села кои ги толкуваат како негирање на Македонците.
Викторија Милевска
