Промоција на евровизиската песна на Јана Бурческа
Во текот на емисијата Стисни Плеј ќе бидат откриени и сите позначајни детали околу авторскиот и креативниот тим на годинешниот евровизиски пакет...

Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија, во мај во Киев ќе биде официјално промовирана со видео запис во емисијата Стисни Плеј на МРТ1, вечерва со почеток во 20 часот и 15 минути.
Во текот на емисијата ќе бидат откриени и сите позначајни детали околу авторскиот и креативниот тим на годинешниот евровизиски пакет (песна, спот, сценски настап, кореографија и стајлинг), а со публиката ќе бидат споделени и ексклузивни видео материјали од процесот на снимањето на песната и спотот, како и сите останати евровизиски активности на коишто се работеше во изминатите два месеца.
Јана Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на Второто Евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед.
