Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Буково - Ѓавато и Крушево
13.03.2017 08:33
Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково-Ѓавато и Крушево но, не се задржува на коловоз.

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково-Ѓавато и Крушево но, не се задржува на коловоз.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
