Во Сараево утрово е мирно
08.02.2014 13:39
Повеќе од 15 часа им требаше на сараевските пожарникари да локализираат пожари во зградите на Претседателството на БиХ и Владата на кантонот Сараево, по вчерашните демонстрации во Сараево. Со натчовечки напори и без адекватна опрема, 48 пожарникари успеаја да спасат она што можеше да се спаси, јави Танјуг.
Сите апарати за гаснење пожар на сараевските пожарникари утрово се празни, и доколку денеска избие пожар во Сараево, прашање е како ќе биде изгаснат и со кои средства.

По целоноќната борба со огнената стихија, сите се хронично уморни, се додава во извештајот на агенцијата.
Во Сараево утрово е мирно, по вчерашните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Во близина на зградите кои беа опожарени, демонстрантите искршија рекламни паноа, киосци, трамвајски станици, искршени се и телефонски говорници. Оштетени се неколку семафори, а полицијата обезбеди локации на кои беа опожарени повеќе автомобили.
Според информации од сараевските болници, повредени се 156 луѓе меѓу кои 90 полицајци и 66 цивили. Протестите почнаа во средата во Тузла заради тешката економска и социјална состојба, а потоа се проширија и во други градови и прераснаа во насилни немири.