Коѕијас во дводневна посета на Вашингтон

13.03.2017 10:33

Коѕијас ја почнува дводневната посета на Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот колега Рекс Тилерсон и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, генерал Херберт Макмастер.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја почнува дводневната посета на Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот колега Рекс Тилерсон и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, генерал Херберт Макмастер.

Првиот грчки дипломат ќе се сретне со претставници на американската администрација, на Конгресот, на академската заедница и со организации на грците во САД.