Одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“

13.03.2017 11:46

Во судницата не беа присутни ниту првоообвинетиот Горан Грујовски, ниту останатите шестмина обвинети.

Боледувањето на судијката го одложи рочиштето за случајот „Тврдина 2“. Во судницата не беа присутни ниту првоообвинетиот Горан Грујовски, ниту останатите шестмина обвинети.

СЈО го информираше судот дека добиле одговор од МВР по барањето за декласификација на дел од доказите.

Обвинетите се товарат за незаконско уништување на документиација поврзана со системот за прислушување во УБК. Нова главна расправа е закажана за 5-ти мај.