Можни консултации за претседател на Собранието

13.03.2017 11:54

Една од варијантите е, брифираат од Алијансата на Албанците, со 20 доставени потписи до спикерот Трајко Вељаноски да се побара свикување на седница на која би се избрал новиот спикер.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека неделава би требало да се одржат консултациите со албанскиот блок партии за избор на нов претседател на македонскиот Законодавен дом.

Програмата на новата реформска влада која ќе донесе промени во Македонија е единствената реална платформа која ја гарантира унитарноста, слободата, демократијата и еднаквоста на сите граѓани, велат во оваа партија.

Продолжуваат меѓупартиските консултации за формирање влада, велат во Алијанса на Албанците. Една од варијантите е, брифираат од истата партија, со 20 доставени потписи до поранешниот претседател на Собранието, Вељаноски да
се побара свикување на продолжението на првата седница на која би се избрал новиот спикер.

Во БЕСА, засега се воздржани и велат дека до нив не пристигнал никаков предлог од СДСМ, ДУИ и од Алијансата.