Романија: Продолжуваат протестите против корупцијата

13.03.2017 11:56

Демонстрациите беа поттикнати од владиниот указ за декриминализација на одредени корупциски дела, кој подоцна беше повлечен поради притисокот од народот.

Неколку илјади Романци учествуваа на протестите против корупцијата во Букурешт. Демонстрациите беа поттикнати од владиниот указ за декриминализација на одредени корупциски дела, кој подоцна беше повлечен поради притисокот од народот.

Помали протести беа организирани уште во шест града. Во Романија се протестира против владата на левоориентираниот премиер Гриндеану поради високиот степен на корумпираност во оваа земја-членка на Унијата.