„Аферата Елсинор“ премиерно во МНТ
08.02.2014 13:56
Македонскиот народен театар на 12 февруари премиерно ќе ја изведе претставата „Аферата Елсинор“ по текст и режија на Љубиша Георгиевски. Со новиот проект ќе бидат одбележани две годишнини на авторот - 77 години живот и 55 години творештво на театарската сцена.
На сцената ќе настапат: Владо Јовановски, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Искра Ветерова, Ѓорѓи Јолевски, Борче Начев, Магдалена Ризова-Черних, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиоски, Емил Рубен, Никола Ацески, Александар Микиќ, Трајче Георгиев, Дарја Ризова и Арна Шијак.

Сценограф на претставата е Мери Георгиевска, костимограф Никола Ефтимов, а изборот на музиката е на режисерот Љубиша Георгиевски.