Иванов: Пречките за определување мандат сѐ уште не се отстранети
Во обраќањето на 1-ви март, шефот на државата од лидерот на СДСМ побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди Тиранската платформа, со која, според Иванов, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

Пречките за определување мандат сѐ уште не се отстранети, велат од Кабинетот на претседателот, по повиците од СДСМ, Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев.
Во обраќањето на 1-ви март, шефот на државата од лидерот на СДСМ побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди Тиранската платформа, со која, според Иванов, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.
Според македонскиот претседател, платформата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава.
Земјата е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
