Околу 370 илјади евра јапонска неповратна помош за Македонија
Ќе биде набавено и противпожарно возило за Велес, а ќе се опремува и пелагонискиот регион со механизација за спречување на можни поплави.

Јапонски грант од околу 370 илјади евра за поддршка на мали проекти во образованието и здравството. Ќе биде набавено и противпожарно возило за Велес, а ќе се опремува и пелагонискиот регион со механизација за спречување на можни поплави.
Тојоказу Кубота, вршителот на должноста амбасадор во Јапонската амбасада во Скопје на денешното потпишување на договорите рече дека ова е најголемата сума во последните десет години што е издвоена за GGP проекти во Македонија за една година.
Убедени сме дека сите институции совесно ќе ги искористат средствата од грантовите со цел исполнување на поставените цели на проектите. Амбасадата на Јапонија во Скопје е подготвена да им помогне во нивните напори, а лично со нетрпение очекувам да ги посетам локациите на завршените проекти, истакна Кубота.
