Односите меѓу Македонија и Турција- пример за соработка во регионот
Турско- македонските односи треба да бидат пример за пријателство и соработка. Мост на пријателство чии темели ги поставил таткото на модерна турција Мустафа Кемал Ататурк кој на денешен ден пред 118 години дипломирал на битолската Воена гимназија. Промовираната публикација „Турско- Македонските односи низ историјата“ од денес ќе биде уште еден потсетник и аманет кон идните генерации.

Задничката историја постави цврста основа на која се гради стратегиското партнерство помеѓу двете земји на сите полиња. Република Турција докажа и докажува како се однесуваат вистинските пријатели. Пред сите беше во воспоставувањето на соработка во областа на одбраната. Прва прими македонски офицери на школување и се вклучи во опремувањето на македонската Армија- рече министерот за одбрана Зоран Јолевски. Спред него врв на воената соработка е учеството на нашите војници во Кабул во рамките на турскиот контиген како и поддршка на глобалната политика.
„Подршка и на глобален план уште од самото наше осамостојување. Република Турција во сите меѓународни комуникации го користи уставното име на Републија Македонија. Таа е единствената земја која му забележува на НАТО за оспрувањето на влезот поради непрезнавањето на нејзиното уставно име од една соседна земја“, вели министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Темелите на мостот на пријателство поставени од таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Големиот државник на денешен ден пред 118 години дипломирал на Вената гимназија во градот каде го формирал својот карактер, историската и националната свест.
„Државникот кој уште од мали години копнее за високи идеали, токму во Битола за прв пат се соочова со чувството за грижа кон татковината. Состојбите и воените случувања што ги следел тука, оставаат длабоки траги врз неговиот карактер“, вели бригадниот генерал Сулејман Ертизман.
Меморијата на долговековнити врски и соработка, двете земји ја освежија со заедничката публикација „Турско- македонските односи низ историјата“. На над 600 страници во два тома и на три јазици, поместени се научни трудови на 14 универзитетски професори.
Стевче Митревски
