Државната фитосанитарна лабораторија набави инструмент за брза анализа на квалитетот на виното
Државната фитосанитарна лабораторија набави нов инструмент за анализа на виното со кој за 10 минути ќе се утврди квалитетот на македонското вино. Тоа отвора можност на винариите за производство на поквалитетно флаширано вино и за постигнување повисоки цени.

Домашните, но и винариите од регионот отсега можат да направат целосна анализа на виното во Државната фитосанитарна лабораторија. Набавен е нов иструмент и со него, за само десетина минути ќе се добијат резултати за концентрација на шеќери, киселини, алкохол, адитиви и на микотоксини, што ќе значи и гаранција за безбедноста и квалитетот на виното. Вакви анализи се прават во европските земји.
Со анализата ќе се овозможи македонските вина да се извезуваат и на пребирливите пазари како јапонскиот, кој има највисоки критериуми- велат од Здружението на винариите. Надлежните очекуваат со ова да се поттикне и производството на флаширано вино.
Новиот апарат е набавен со средства од Програмата за рурален развој. Се очекува годишно да се прават од 500 до 600. Анализата чини околу 3.000 денари.
Дијана Ценевска
