СДСМ: Консултации за претседател на Собранието

13.03.2017 15:13

Што побрзо се додели мандатот, толку побрзо ќе се стабилизира Република Македонија...

Неделава се очекуваат консултациите за избор на претседател на македонскиот Законодавен дом, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Што побрзо се додели мандатот, толку побрзо ќе се стабилизира Република Македонија. Најавивме дека во текот на оваа недела со партиите кои го претставуваат владиното мнозинство ќе направиме консултации, за да се одржи конститутивната седница во Собранието на РМ, а што во врска со тоа ќе име созреана информација, ќе ја споделиме со јавноста“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Во Алијансата на Албанците велат дека една од можностите за изгласување е да се достават 20 потписи до поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски за да се побара свикување на продолжението на првата седница на која би се избрал новиот спикер.