„За заедничка Македонија“ со протести во 31 град

13.03.2017 15:47

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ се проширија во 31 град. Организаторите велат- не отстапуваме од барањето за унитарна Македонија преку отфрлање на платформата. Очекуваат поголема масовност.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ одржува протести во 31 град. Организаторите велат дека остануваат на своите барања, објаснуваат дека се противат на обидите на мала врата да се отвори дебата за промена на идентитетот. „Маските паднаа, „За заедничка Македонија“ не е за прифаќање туѓи платформи и нивните обиди ќе наидат на силен отпор кај граѓаните на Македонија“- велат од Иницијативата.

Сочувување на унитарноста на државата, одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер, како и противење за  воведување двојазичност на територијата на целата држава, остануваат главните пораки.             

Од „За заедничка Македонија“ бараат јасно и недвосмислено повлекување на обидите за редефинирање на Македонија и отфрлање на Тиранската платформа.

Наташа Јанчиќ